Секојдневно банкарство
Сметки
Останати производи
I. Воведни одредби
Овие општи правила и услови за користење на апликацијата NLB Pay (во понатамошниот текст: Oпшти правила и услови) ги пропишуваат правата и обврските на Корисникот на апликацијата NLB Pay (во понатамошниот текст: Корисник) и НЛБ Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банката), поврзани со користењето на апликацијата NLB Pay.
Со активација и користење на апликацијата НЛБ мКлик, Корисникот потврдува дека е информиран, целосно ги разбира и ги прифаќа овие Општи правила и услови. Доколку Корисникот не се согласува со истите, должен е да побара деактивирање на услугата.
За се што не е уредено со овие општи правила и услови или пак постојат одредени неусогласености, предност ќе имаат и соодветно ќе се применуваат одредбите од :
Одлуката за тарифа на надоместоци на услуги на НЛБ Банка Скопје, преставува составен дел на овие Општи правила и услови.
Сите термини употребени во овие општи правила и услови за користење на услугата „NLB PAY“ го имаат истото значење како и термините употребени во Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лицa/правни лица и одредбите од Договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко/правно лице и Посебен договор за користење на кредитна платежна картичка за физичко/правно лице, во случај кога е применливо, освен доколку поинаку не е дефинирано во овие Општи правила и услови.
II. Дефиниции на термини
Код за активација - еднократна лозинка составена од низа броеви, кој Корисникот го добива преку СМС порака доставена на мобилниот број кој Клиентот го има доставено како контакт број, и истиот се користи за потврда сопственоста на бројот како и активација на услугата NLB Pay.
Банка - НЛБ Банка АД Скопје (седиште: Водњанска бр 1, 1000 Скопје);
Општи правила и услови преставуваат општи правила и услови за користење на услугата NLB Pay, применливи на денот на активирање на услугата; Корисник претставува физичко лице - имател на платежна картичка според условите утврдени во Договор за добивање и користење на платежни картички од палетата на Master Card и Visa издадени од НЛБ Банка Скопје кој ја користи апликацијата NLB Pay;
Картичка означува платежен инструмент издаден од страна на Банката, која Корисникот има право да ја користи согласно одредбите во Договорот за добивање и користење на платежни картички од палетата на Master Card и Visa издадени од НЛБ Банка Скопје и со која соодветно може да се користи услугата NLB Pay;
NLB Pay е мобилна апликација на Банката која на корисниците им овозоможува увид во своите платежни картички од програмата на Visa и Master Card и дигитализација на НЛБ платежните
картички во дигитален паричник. Исто така имате можност да ги дигитализирате и употребувате сите Ваши картички за лојалност.
NFC (Near Field Communication) технологија е технологија која овозможува размена на податоци на мало растојание помеѓу мобилен уред и POS терминал или банкомат, без директен контакт на платежната картичка
Мобилен уред означува мобилен телефон (смартфон), таблет или друг дигитален уред со напредни функционалности, кои поддржуваат NFC технологија и на кои може да се инсталира соодветната верзија на оперативниот систем, што овозможува инсталација и употреба на апликацијата NLB Pay. Апликацијата NLB Pay може да се активира на еден уред.
POS терминал е уредот преку кој се вршат плаќања со картички на продажни локации, вклучувајќи и плаќања преку NLB Pay апликацијата, доколку истите поддржуваат употреба на NFC технологија.
NLB Pay претставува апликација на Банката која е достапна во мобилната продавница Google Play/Аpp Store, која е инсталирана на мобилниот уред во согласност со упатствата за употреба на NLB Pay мобилниот паричник.
Упатства за употреба на апликацијата NLB Pay ги означува упатствата објавени на официјалната интернет страна на Банката www.nlb.mk
Google Play Store – Google Inc. платформа овозможена од Google и наменета за преземање на апликации за мобилни уреди базирани на Android оперативниот систем.
App Store- дигигитална продавница на апликации која е развиена и управувана од Apple Inc.
App Store е достапен на сите уреди што работат со оперативниот систем iOS
Активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред, која може да биде и Wi-Fi конекција.
E-mail адреса – електронска адреса на која се праќаат и од која се примаат пораки по електронски пат.
Сигурносни елементи - технички и организациски средства и механизми кои се користат за заштита на Апликацијата, платежните услуги и Корисникот од неовластен пристап, злоупотреби и измами. Тие можат да вклучуваат: активациски кодови, ПИН-код, биометриски функционалности на уредот (отпечаток од прст/препознавање лице) доколку се активирани од Корисникот на сопствениот уред, како и автоматизирани безбедносни проверки и механизми за откривање невообичаени или потенцијално ризични активности.
Сигурносните елементи не се користат за биометриска идентификација од страна на Банката, ниту за профилирање. Биометриските функционалности, доколку се користат, се локални на уредот на Корисникот и Банката не прибира ниту чува биометриски шаблони.
Автоматизираните безбедносни проверки може да се спроведуваат локално на уредот и служат исклучиво за утврдување дали постојат технички состојби или апликации кои се претходно идентификувани како високоризични. Банката не добива информација за тоа која конкретна апликација е детектирана, ниту прибира/складира листа на инсталирани апликации. Банката добива само информација дали условите за безбедно користење се исполнети
Тарифа на надоместоци на услугите на НЛБ Банка Скопје – Одлука за тарифата на надоместоци за услугите кои ги врши Банката со која се регулирани сите задолжувања за износот на трансакциите, провизиите, членарините и надоместоците кои настануваат со користење на платежната картичка на NLB Pay мобилен паричник.
III. Активација на услугата NLB Pay
NLB Pay апликацијата може да се користи само на еден уред на корисникот. За да може корисникот да ја активира NLB Pay апликацијата на нов уред потребно е да направи “Oтстрани го корисникот” на претходниот уред или тоа да го направи преку системите на Банката
(вклучително и преку Контакт Центарот на Банката) При активација на апликацијата на нов уред претходниот уред станува неактивен.
Корисникот ја презема апликацијата NLB Pay од Google Play Store/ App Store на својот мобилен уред и се регистрира со внесување на својот ЕМБГ (Единствен матичен број на граѓанинот) и мобилниот телефонски број.
Активација може да се изврши на уред кај кој не е променет фабричкиот софтвер. Доколку прикажаниот мобилен телефонски број не е телефонскиот број на Корисникот даден како контакт на Банката, Корисникот нема да биде во можност да ја заврши процедурата за најава на NLB Pay без да ја контактира Банката за промена на својот телефонски број.
Банката ќе го испрати кодот за активација на телефонскиот број, а Корисникот ќе го употреби за активација на услугата NLB Pay. По успешната активација на услугата NLB Pay, на Корисникот ќе му бидат прикажани платежните картички кои се во негова сопственост и за понатамошна регистрација потребно е да се направи избор на една од платежните картички со внесување на картичниот пин.
NLB Pay услугата може да се активира само ако Корисникот, на својот мобилен уред има активирано еден од методите за заклучување на мобилниот уред со сигурносни елементи кои спречуваат употреба на мобилниот уред од страна на трети лица.
Апликацијата може да се користи исклучиво во држави и/или региони кои не се предмет на забрани или ограничувања на операции со картички, издадени на веб страните на меѓународните платежни системи (Master Card/Visa).
IV. Активација на картичката, плаќање и автентикација преку апликацијата NLB Pay
По успешната регистрација на услугата NLB Pay, на Корисникот ќе му бидат прикажани сите платежни картички кои се во негова сопственост. За овозможено дигитално плаќање потребен е избор на копчето за додавање на платежна картичка во дигитален паричник. Корисникот може да ги активира сите платежни картички кои се во негова сопственост и да ги употребува за дигитални бесконтактни плаќања. NLB Pay апликацијата исто така овозможува безбедна автентикација на корисниците при онлајн плаќањата, како и инстант плаќање кон корисници на Visa картички (трансфер на средства). Со обработката се обезбедува сигурна идентификација на корисникот, автентикација на трансакциите и примена на токенизација како заштитен механизам. Корисникот ги употребува сигурносните елементи (лозинка, отпечаток од прст или други сигурносни елементи) секој пат кога ќе ја употребува услугата NLB Pay, во согласност со упатствата за употреба на NLB Pay и функционалностите на мобилниот уред (на пр. лозинки, отпечатоци).
За да може да се извршат трансакциите преку услугата NLB Pay на POS терминал со избраната картичка, Корисникот треба да го активира мобилниот уред користејќи сигурносен елемент. Ако плаќањето треба да се изврши со употреба на друга картичка, која не е избрана како основна картичка во дигиталниот паричник, Корисникот потребно е најпрво да се најави на NLB Pay со сигурносен елемент и да избере друга платежна картичка за плаќање.
Корисникот го извршува плаќањето со приближување на мобилниот уред до POS терминалот кој подржува NFC технологија или банкомат кој подржува бесконтактно плаќање. Договорните клаузули од Договорот за добивање и користење на платежни картички од палетата на Master Card и Visa издадени од НЛБ Банка Скопје важат и за трансакции извршени преку апликацијата NLB Pay.
V. Безбедност на апликацијата NLB Pay и мобилниот уред
1.Општи сигурносни мерки
Со цел заштита од измами, злоупотреби и неовластен пристап до платежните услуги, Корисникот е информиран и прифаќа дека апликацијата НЛБ мКлик може да спроведува автоматизирани безбедносни проверки на уредот.
Овие безбедносни проверки се извршуваат исклучиво локално на уредот на Корисникот и се ограничени на утврдување дали на уредот постојат апликации, системски конфигурации или
технички состојби кои се претходно идентификувани како високоризични за безбедноста на банкарските и платежните услуги.
Банката не добива, не прибира, не складира и не обработува податоци за инсталираните апликации на уредот на Корисникот, ниту информации за тоа која конкретна апликација е идентификувана како потенцијално ризична, ниту било каква друга информација за апликациите инсталирани на уредот.
Банката добива исклучиво техничка информација дали се исполнети условите за безбедно користење на услугата, без можност за увид во конкретните апликации или конфигурации на уредот.
Во случај кога на уредот е идентификувана апликација или состојба која претставува зголемен безбедносен ризик, Корисникот добива известување директно на сопствениот уред, без пренос на таква информација до Банката.
Овие безбедносни проверки не претставуваат обработка на биометриски лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци, не овозможуваат идентификација на Корисникот врз основа на однесување, не се користат за профилирање и не резултираат со автоматизирано донесување одлуки со правно дејство.
2. Откривање измами и анализа на невообичаени активности
Банката применува сигурносни механизми за откривање невообичаени или потенцијално ризични активности, исклучиво за безбедносни цели. Овие механизми не се користат за маркетинг, не претставуваат профилирање за комерцијални цели и не резултираат со автоматизирани одлуки со правно дејство. Во случај на зголемен ризик, Банката може да примени пропорционални мерки (привремено ограничување или дополнителна проверка) согласно регулативата за платежни услуги и платни системи и прописите за заштита на личните податоци.
3. Корисникот се обврзува:
VI. Блокирање на NLB Pay услугата или прекин на употреба NLB Pay апликацијата
Банката го задржува правото да го спречи пристапот на Корисникот до услугата NLB Pay поврзани со една или сите платежни картички во било кое време ако:
VII. Обврски на Банката
Банката се обврзува да:
VIII. Заштита на податоци
Со активација на NLB Pay услугата, Корисникот се согласува на обработка на неговите лични податоци со цел активација на картичката и плаќање преку услугата NLB Pay согласно Општите правила и услови и легитимните интереси поврзани со обезбедување функционалност на услугата, сигурност, спречување измами и исполнување законски и регулаторни обврски, во согласност со прописите за заштита на личните податоци и применливата регулатива.
IX. Измени и дополнувања на општите правила и услови
Банката може во секое време да ги промени општите услови и да ги објави промените на апликацијата на дигитален паричник.
Имателот на платежната картичка ја прифаќа промената на овие општи услови и услови во апликацијата за дигитален паричник пред или со самото продолжување на користењето на платежната картичка во дигиталниот паричник.
X. Надоместоци
Банката има право да му ги наплати на Корисникот надоместоците и трошоците кои се поврзани со употреба на услугата NLB Pay, во согласност со важечката Одлука за тарифа на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка и Општите правила и услови. Употребата на апликацијата NLB Pay може да вклучува и трошоци за пренос на мобилни податоци.
Во случај на промена на Тарифата на надоместоци на НЛБ Банка Скопје, Корисникот се смета дека е известен преку објава на официјалната интернет страна на Банката на денот на објавување.
Овие Општи правила и услови за користење на NLB PAY се со важност од 01.03.2026