Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Кредитна линија за микро, мали и средни претпријатија

Вистинска поддршка за побрз развој на вашиот бизнис

Развојна банка на РСМ

Кредитна линија од Македонска Банка за поддршка на развој
За претпријатија од различни дејности
За инвестициски проекти 
Максимален износ: до 500.000 ЕУР
За трајни обртни средства
Максимален износ: до 300.000 ЕУР
За поддршка на извозот
Максимален износ: до 2.000.000 ЕУР

Контактирајте нè

<p>Сакате да Ве контактираме?</p>

Сакате да Ве контактираме?

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкус можен рок.

<p>Јавете се во нашиот Контакт центар</p>

Јавете се во нашиот Контакт центар

Тука сме за сите ваши прашања 24/7.

Важни информации

Годишни каматни стапки

  • Висината на каматната стапка зависи од  бонитетот на компанијата, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, кредитната историја и уредноста во подмирување на обврските (варијабилна каматна стапка врзана со 3 месечен ЕУРИБОР)

 

Трошоци

  • Провизија за предвремена отплата на кредитот 1%

  • Провизија за водење на кредитот до 0,25% годишно

  • Манипулативен трошок до 0,75% еднократно

 

Обезбедување

  • Меница во форма на нотарски акт и хипотека на недвижен имот и/ или залог на возила и/или Рамковен револвинг лимит

 

Критериуми за подобност

  • До 50 вработени

  • Сегашната вредност на материјалните вложувања на претпријатието да не надминува износ од 500.000 ЕУР, вклучувајќи земјиште и згради

Потребна документација

 

Потребна документација за одобрување на кредитна изложеност

  • БАРАЊЕ за кредит, во писмена форма, (во прилог: посебен образец изготвен од Банката) 
  • Информација за тековна состојба на субјектот, издадена од Единствениот трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија
  • ЗП образец копие (образец за потписници во име на фирмата)  Потписен картон (копија)
  • Изјава за капитална поврзаност (пополнета на образец кој го дава Банката)
  • Биланс на состојба и биланс на успех за последните 2 години (копија) и заклучни листови со истите дати
  • Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена. Податоците се од сметководителот
  • Промет на жиро сметката за тековната година или минимум за последните шест месеци (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководителот)
  • Напомена: за комитенти само на Банката нема потреба од презентирање на овој документ.
  • Аналитички преглед по комитенти - спецификација на групи 12, 22 и 25 (купувачи, добавувачи и кредити) со иста дата за која се однесуваат заклучните листови од точка 6 и 7
  • Ревизорски извештај, (се однесуваа за АД и Друштва кои според Законот се обврзани да изготвуваат ревизорски извештај)
  • Акционерска книга и Статут за АД.
  • Напомена: Податоците од точка 2 до точка 12 е потребно да ги достават и капитално поврзаните субјекти.
  • Документација за обезбеден пазар за набавка на суровините и продажба на готовите производи (по можност да се достават понуди и договори со потенцијални купувачи и добавувачи)

Документација за можното обезбедување:

 

За хипотека на недвижен имот 

 

За локации каде е устроен катастар - Имотен лист

 

За залог на подвижни предмети потребно е да се достави:

  • Фактури за опремата која се нуди како обезбедување
  • Книговодствени картици за опремата 

Напомена: Хипотекарен должник може да биде правно лице, физичко лице (сопственикот на фирмата, управителот или друго физичко лице). Пазарната вредност на недвижноста и опремата е предмет на проценка од страна на Банката и трошоците за истата паѓаат на терет на Банката.

 

Дополнителна документација за одобрување на кредит од кредитните линии

  • Инвестициона програма (изготвена според соодветната кредитна линија)
  • Профактури за опремата што ќе се финансира со средствата од кредитот
  • Изјава за задолженост во други банки
  • Потврда од кредитобарателот дека нема поднесено исто кредитно барање во друга банка