Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

РБСМ - ЕИБ кредитна линија

Инвестиција за успешен раст на малите и средни претпријатија
Кредитна линија од Европска Инвестициона Банка
Hа проекти за мали и средни претпријатија
За обртни средства 
Максимален износ: до 666.700 ЕУР
За основни средства
Максимален износ: до 6.000.000 ЕУР

Контактирајте нè

<p>Сакате да Ве контактираме?</p>

Сакате да Ве контактираме?

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкус можен рок.

<p>Јавете се во нашиот Контакт центар</p>

Јавете се во нашиот Контакт центар

Тука сме за сите ваши прашања 24/7.

Важни информации

Намена

  • Инвестиции во недвижности (освен земјиште), опрема, обртни средства (не повеќе од 30% од вредноста на кредитот),

  • Инвестиции во нематеријални средства и трајни обртни средства

 

Останати провизии

  • Согласно политика на банката

 

Забрани и исклучувања

  • Производство и извоз на оружје

  • Активности кои имаат негативно влијание на екологијата

  • Етички и морално контрoверзни дејности (проституција, тестирање над животни, истражување за клонирање)

  • Дејности забранети согласно национална легислатива

  • Дејности поврзани со производство или продажба на фалсификувани производи

  • Дејности поврзани со производство или употреба на опрема на коцкање

  • Производство на тутун

  • Активности од областа на трговија со недвижности

 

*Спецификациите се наведени во документацијата од Развојна банка на Северна Македонија

Потребна документација

 

Потребна документација за одобрување на кредитна изложеност

  • БАРАЊЕ за кредит, во писмена форма, (во прилог: посебен образец изготвен од Банката)  Информација за тековна состојба на субјектот, издадена од Единствениот трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија
  • ЗП образец копие (образец за потписници во име на фирмата)
  • Потписен картон (копија)
  • Изјава за капитална поврзаност (пополнета на образец кој го дава Банката)
  • Биланс на состојба и биланс на успех за последните 2 години (копија) и заклучни листови со истите дати
  • Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена. Податоците се од сметководителот
  • Промет на жиро сметката за тековната година или минимум за последните шест месеци (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководителот)
  • Напомена: за комитенти само на Банката нема потреба од презентирање на овој документ.
  • Аналитички преглед по комитенти - спецификација на групи 12, 22 и 25 (купувачи, добавувачи и кредити) со иста дата за која се однесуваат заклучните листови од точка 6 и 7
  • Ревизорски извештај, (се однесуваа за АД и Друштва кои според Законот се обврзани да изготвуваат ревизорски извештај)  Акционерска книга и Статут за АД.
  • Напомена: Податоците од точка 2 до точка 12 е потребно да ги достават и капитално поврзаните субјекти.
  • Документација за обезбеден пазар за набавка на суровините и продажба на готовите производи (по можност да се достават понуди и договори со потенцијални купувачи и добавувачи)

 

Документација за можното обезбедување:

 

За хипотека на недвижен имот

 

За локации каде е устроен катастар - Имотен лист

 

За залог на подвижни предмети потребно е да се достави:

  • Фактури за опремата која се нуди како обезбедување 
  • Книговодствени картици за опремата

Напомена: Хипотекарен должник може да биде правно лице, физичко лице (сопственикот на фирмата, управителот или друго физичко лице). Пазарната вредност на недвижноста и опремата е предмет на проценка од страна на Банката и трошоците за истата паѓаат на терет на Банката.

 

Дополнителна документација за одобрување на кредит од кредитните линии

  • Инвестициона програма (изготвена според соодветната кредитна линија)
  • Профактури за опремата што ќе се финансира со средствата од кредитот
  • Изјава за задолженост во други банки
  • Потврда од кредитобарателот дека нема поднесено исто кредитно барање во друга банка