Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Сава пензиски фонд

Плановите за иднината започнуваат сега!

Отворен задолжителен пензиски фонд

Задолжително членство
за осигуреници под 40 години
Флексибилен избор на пензиски фонд
во рок од три месеци
Поддршка и услуги
за управување со членството и пензиски уплати

Контактирајте нè

<p>Сакате да Ве контактираме?</p>

Сакате да Ве контактираме?

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкус можен рок.

<p>Јавете се во нашиот Контакт центар</p>

Јавете се во нашиот Контакт центар

Тука сме за сите ваши прашања 24/7.

Важни информации

Осигурениците кои прв пат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд по сопствен избор се додека имаат својство на осигуреник во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.

 

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија времено ги распределува овие осигуреници во задолжителен пензиски фонд од денот на нивното пристапување во задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Времено распределените осигуреници имаат можност да изберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе се зачленат со склучување на договор за членство. Времено распределените осигуреници кои нема да потпишат договор за членство во рок од три месеци од датумот на пристапување во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, по истекот на тој рок, стануваат трајно распределени членови на задолжителниот пензиски фонд во кој биле времено распределени.

Осигурениците на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење и осигурениците кои остваруваат права под посебни услови од Глава VII од Закон за пензиско и инвалидско осигурување, немаат обврска за членување  во вториот пензиски столб.

 

Осигурениците кои во текот на осигурувањето ќе добијат својство на осигуреник како индивидуален земјоделец, физички лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари или во текот на осигурувањето им се утврди стаж на осигурување со зголемено траење престануваат да бидат членови во вториот пензиски столб.

 

Осигурениците кои се во работен однос или самовработени лица со полно работно време и за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, не се задолжителни членови во вториот пензиски столб за период за којшто е утврдено ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување

 

Изборот на задолжителен пензиски фонд, се прави со склучување на Договор за членство во задолжителен пензиски фонд.

 

Се што треба да направите е да дојдете во нашите експозитури и преку лиценциран агент за пензиско осигурување да ги дознаете сите потребни информации за да донесете одлука каде да се зачлените.

 

Во нашите експозитури можете да добиете повеќе услуги како член на задолжителен пензиски фонд управуван од Сава пензиско друштво а.д. Скопје:

  • Склучување на договори за членство

  • Проверка на членство во пензиски фондови

  • Ажурирање на лични податоци како член на пензиски фонд

  • Избор на начин на достава на Извештаи за пензиска заштеда

  • Барање за исплата на пензија и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување

  • Барања за исплата на наследство

  • Поднесување на поплаки и други барања

 

Повеќе информации на www.sava-penzisko.mk