Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информации за спроведување на анкета

Информации за спроведување на анкета

На оваа веб-страница ќе најдете одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со анкетата за задоволство од услугите и производите на НЛБ Банка АД Скопје.

Од е-mail адресата noreply@cawi-survey.com ќе добиете покана која содржи линк до анкетата. Доколку имате дополнителни прашања, можете да нè контактирате на info@nlb.mk

 

Зошто ми беше испратена анкетата?

Поканата за учество во анкетата ја добивте затоа што неодамна сте користеле одреден производ или услуга на НЛБ Банка АД Скопје, како што се кредитни картички, потрошувачки кредит, мобилно банкарство или други услуги на Банката.

 

Која е целта на истражувањето?

Целта на истражувањето е да дознаеме колку сте задоволни од нашата работа, дали се појавиле одредени потешкотии или, пак, нешто особено позитивно ве изненадило. Без оглед на тоа дали сте биле задоволни или незадоволни, сакаме да ги слушнеме Вашето мислење, пофалби и забелешки.

 

Дали моето мислење е анонимно?

Вашите одговори се обработуваат доверливо. Банката ги добива резултатите од анкетата без можност да Ве идентификува врз основа на тие резултати, освен доколку доброволно внесете име и презиме и изберете Вашите одговори да бидат поврзани со овие податоци и доставени до Банката заради можност за дополнителен контакт во врска со Вашите коментари или пријавен проблем.

 

Кој го спроведува истражувањето?

Анкетата во име на НЛБ Банка ја спроведува IPSOS d.o.o., Љубљана, Република Словенија, една од водечките глобални компании за истражување на пазарот и јавното мислење.

 

Кои податоци се обработуваат?

За потребите на спроведување на анкетата може да се обработуваат следните податоци:

- e-mail адреса, за испраќање на поканата за учество;

- година на раѓање, за анализа на задоволството според возрасни групи;

- податоци за користениот производ или услуга;

- Вашите одговори и коментари дадени во анкетата;

- име и презиме, само доколку доброволно одлучите да ги внесете со цел Банката да може да Ве контактира во врска со Вашите одговори, коментари или конкретно пријавен проблем.

 

Дали треба да внесувам лични или банкарски податоци?

Не. За време на истражувањето никогаш нема да Ви биде побарано да внесувате:

Лозинки, PIN кодови, број на платежна сметка, матичен број, податоци од платежни картички и

други доверливи банкарски информации.

Доколку добиете злонамерна порака со вакво барање, Ве молиме веднаш избришете ја и известете нè на info@nlb.mk.

Повеќе информации за начинот на кој НЛБ Банка АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци и за Вашите права можете да најдете во нашата Политика за приватност