Секојдневно банкарство
Сметки
Останати производи
Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка? Прочитај повеќе
Од 01.12.2025 до 15.01.2026
Наградната игра е наменета за сите полнолетни лица, државјани на РСМ (лица со и над 18 годишна возраст), кои со било која Visa дебитна или кредитна картичка (Visa Debit, Visa Debit за пензионери, Visa Лично банкарство, Visa Classic или Visa Gold) издадена од НЛБ Банка, ќе направат најмалку една безготовинска трансакција во земјата или странство (во продажна мрежа на ПОС терминал или електронска трговија) на износ од најмалку 1.500 МКД, за времетраење на наградната игра од 1.12.2025 до 15.1.2026 година.
НАГРАДИ
За време на наградната игра ќе бидат доделени 29 награди и тоа:
Во текот на наградната игра ќе се доделуваат два типа неделни награди и еден тип главна награда.
Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда. Учесниците кои добиле неделна награда не учествуваат во извлекување на главната награда.
Секој петок, почнувајќи од 5.12.2025 до 16.1.2026 година ќе се извлекуваат по 2 добитници на неделна награда – парична награда на платежна сметка како и по 2 добитници на неделна награда Iphone 16Е.
Извлекувањето на добитникот на главната награда ќе биде на 16.1.2026 година.
Списокот на добитници со нивното име и презиме ќе се објавува на веб-страницата на Банката www.nlb.mk само врз основа на претходно дадена, слободна, конкретна, информирана и недвосмислена согласност од страна на добитникот.
Во случај добитникот да не даде согласност за јавно објавување на своето цело име и презиме,
Ќе биде објавен типот на една од користените картички и маскиран број на картичката (ќе бидат објавени последните три бројки, а останатите бројки ќе бидат скриени – ХХХ).
Добитниците ќе бидат информирани индивидуално преку телефонски повик, на контактите кои ги има Банката, пред нивното јавно објавување.
Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје — Служба за стратешки маркетинг, односи со клиенти и комуникации, Ул. Водњанска бр. 1, 1000 Скопје.
Seznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.