Секојдневно банкарство
Сметки
Останати производи
1. Воведни одредби
Овие општи услови се применуваат кога имателот на картичка издадена од НЛБ Банка АД Скопје ја користи својата платежна картичка во дигитален паричник.
Дигитален паричник е услуга за електронско плаќање што му овозможува на сопственикот на платежната картичка да ја зачува платежната картичка во дигитална форма на уредот и да врши бесконтактни плаќања. Дигиталниот паричник работи преку добавувач на дигитален паричник
За се што не е уредено со овие општи услови или пак постојат одредени неусогласености, предност ќе имаат и соодветно ќе се применуваат одредбите од :
Одлуката за тарифа на надоместоци на услуги на НЛБ Банка АД Скопје, преставува составен дел на овие Општи услови.
Сите термини употребени во овие Општи услови за користење на картички во дигитална форма го имаат истото значење како и термините употребени во Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лицa/правни лица и одредбите од Договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко/правно лице и Посебен договор за користење на кредитна платежна картичка за физичко/правно лице, во случај кога е применливо како и Општи правила и услови за користење на услугата „NLB PAY“, освен доколку поинаку не е дефинирано во овие Општи услови.
Секој добавувач на дигитален паричник може да има свои Oпшти услови, кои имателот на картичката ги прифаќа пред да започне да го користи дигиталниот паричник или картичката во дигитална форма.
2. Значење на изразите
Банката е НЛБ Банка АД Скопје
Сопственик на картичката е физичко лице, кој е имател на платежната картичка, на кој Банката му ја издала платежната картичка.
Платежната картичка е платежен инструмент издаден од Банката на имателот на платежна картичка и нејзиното користење е овозможено во дигиталниот паричник, имено:
3. Добавувач на дигитални паричници
Добавувачите на дигитални паричници се одговорни за непречено функционирање на дигиталниот паричник, Банката не е одговорна за какви било нарушувања или нефункционирање. Банката исто така не е одговорна за можна надградба или неможност за пристап или неприфаќање на картичката во дигитална форма на продажното место. Имателот на картичката самостојно одлучува дали да ги прифати условите на дигиталниот паричник кои ги обезбедува одреден добавувач на дигитален паричник. Имателот на картичката ги добива сите можни информации за функционирањето на дигиталниот паричник од добавувачот на дигитален паричник.
4. Додавање картичка во дигитален паричник
Имателот на платежна картичка може да ја додаде својата платежна картичка што овозможува претворање во дигитална форма, во дигитален паричник според упатствата на добавувачот на дигитален паричник. Во случај, Банката да издаде нова или заменска платежна картичка, имателот на платежната картичката мора повторно да ја додаде новата платежна картичка во дигиталниот паричник, ако истото е потребно. Имателот на платежната картичка може да ја вчита платежната картичка во дигиталниот паричник или на повеќе уреди.
Имателот на платежната картичка може да избере само добавувач на дигитални паричници со кои Банката има овозможено нивно користење за платежните картички кои ги издава. Списокот на овие може да се најде на веб-страницата на Банката.
Добавувачите на дигитални паричници може да имаат одредени ограничувања во врска со користење на дигиталниот паричник, како на пример ограничување на бројот на картички што може да се додадат во дигиталниот паричник. Затоа, имателот на платежната картичка мора да провери дали ги исполнува барањата на поединечниот дигитален паричник.
Банката има право да одбие или спречи додавање на платежни картички во дигиталниот паричник од повеќе причини, како што е прекршување на општите услови кои го регулираат односот со имателот на картичката, во случај на сомневање на злоупотреба или ако картичката е откажана, неважечка, блокирана и слично.
Банката не е одговорна за случаи кога добавувачот на дигитален паричник одбива да додаде картичка во дигиталниот паричник.
Начинот на автентикација при дигитализација на платежна картичка во дигитален паричник е во согласност со правилната на автентикација на дигиталниот паричник како и начините за автентикација одредени од страна на Банката, како и Законот за платежни услуги и платни системи.
Имателот на платежна картичка може да додаде активна платежна картичка регистрирана во системот на Банката во дигиталниот паричник на два начина. Со избирање на опцијата за додавање на платежна картичка во дигитален паричник преку “NLB Pay” апликацијата на Банката, се смета дека Корисникот поднел барање за автоматски пренос на податоци во дигиталниот паричник. Другиот начин на додавање на платежна картичка во дигитален паричник е во овој случај кога имателот на платежна картичка мора рачно да ги внесе податоците во дигиталниот паричник. По успешен рачен внес на картичните податоци имателот на платежна картичка може да ја заврши дигитализацијата на платежната картичка со автентикација преку “NLB Pay” апликацијата на Банката.
Во двата случаи имателот на платежна картичка мора да направи прифаќање на Оштите правила и услови на добавувачот на дигиталниот паричник, како и Општите правила и услови на Банката издавач на платежната картичка. Предуслов за успешно додавање на платежна картичка во дигитален паричник е имателот на платежна картичка претходно да ја има инсталирано апликацијата NLB Pay на својот мобинлен уред и да се регистрира со внесување на својот ЕМБГ, мобилниот телефонски број регистриран во Банката, како и ПИН кодот од платежната картичка.
Како опција за автентикацијата на имателот на платежна картичка, Банката може да предложи и телефонска автентикација преку Контакт центарот на Банката.
5. Користење на платежни картичката во дигитална форма
Имателот на картичката може да ја користи платежната картичката во дигитална форма на продажни места и кај трговци кои дозволуваат користење на картичката во дигитална форма и имаат соодветна опрема за прифаќање на таквите картички.
Имателот на картичката мора да ги почитува сите правила за користење и безбедно работење со платежната картичка и сите безбедносни елементи потребни за дигитализација на платежната картичка, како што е наведено во Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лицa/правни лица.
Корисникот го извршува плаќањето со приближување на уредот на кој е овозможен дигитален паричник до терминалот кој подржува NFC технологија или банкомат кој подржува бесконтактно плаќање. За да може да се извршат трансакциите преку дигиталниот паричник, Корисникот треба направи активирање на уредот/апликацијата.
За извршување на платежни трансакции, за сопственикот на платежната картичка важат Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички /правни лица.
Не може да се користи платежна картичка што е неважечка или блокирана. Банката може да ја блокира картичката во случај на сомневање за злоупотреба.
Добавувачот на дигиталниот паричник може да ја ограничи употребата на платежна картичка во дигитална форма во случај на прекршување на неговите општи услови.
6. Надоместоци
Кога банката наплатува провизии и трошоци за користење на платежната картичка, истите надоместоци важат и за платежната картичка во дигитална форма. Во моментов, Банката не наплаќа никакви провизии за користење на картичката во дигитална форма. Добавувачот на дигитален паричник може да пресметува свои трошоци за користење на дигиталниот паричник.
7. Правила за безбедно користење
Имателот на платежната картичка мора да ги заштити своите идентификациски елементи, особено корисничкото име, PIN-от, лозинките, итн. за неговите уреди и дигиталниот паричник, како и осетливите податоци испишани на самата платежна картичка. Податоците мора да бидат заштитени и не смеат да се споделуваат или препраќаат на никого или да се чуваат на едно место.
Важат сите правила за безбедно користење, договорени со имателот на платежна картичка во Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лицa/правни лица.
Имателот на картичката не смее:
Имателот на картичката мора:
8. Заштита на податоци
Кога имателот на платежна картичка ја додава платежната картичка во дигиталниот паричник, банката добива одредени информации од добавувачот на дигиталниот паричник со цел идентификација, спречување на злоупотреба и извршување на плаќања. Подетални информации за тоа како банката постапува со личните податоци и правата на поединците се достапни во Политиката за приватност, објавена на веб страната на НЛБ Банка АД Скопје: https://nlb.mk/PrivacyPolicy.aspx
9. Отстранување на платежната картичка од дигиталниот паричник
Имателот на платежна картичка може да ја отстрани платежната картичка од дигиталниот паричник во секое време следејќи ги упатствата на добавувачот на дигиталниот паричник. Банката ќе ги изврши сите трансакции кои биле одобрени пред да се отстрани платежната картичка од дигиталниот паричник.
10. Промена на општите услови
Банката може во секое време да ги промени општите услови и да ги објави промените на апликацијата на дигитален паричник.
Имателот на платежната картичка ја прифаќа промената на овие општи услови и услови во апликацијата за дигитален паричник пред или со самото продолжување на користењето на платежната картичка во дигиталниот паричник.
Овие општи услови важат од 29.07.2025 година