Министерството за финансии на Р. Северна Македонија издава државни хартии од вредност на примарни аукции, кои ги организира Народна банка на Р. Северна Македонија, во функција на агент. Учеството на аукциите се врши преку овластени директни учесници - банки во Р. Северна Македонија.
НЛБ Банка АД Скопје од 2004 година активно учествува на аукциите како овластен учесник, во свое име, а за сметка на индиректни учесници на организираните аукции.
- Во првиот и вториот квартал од 2020 година се планирани следните аукции на ДХВ дефинирани во календарот за емисија на државни хартии од вредност - прв и втор квартал од 2020 година.
- Каматната стапка на државните хартии од вредност се одредува на секоја аукција