Отворен задолжителен фонд пензиски фонд, Сава пензиски фонд

 

  

Кој може да бие член во втор столб на пензиско осигурување?  

 

 

  • Задолжителни членови

Осигурениците кои за прв пат се вработиле по 01.01.2003 година задолжително членуваат во вториот пензиски столб. Тие треба да одберат во кој фонд сакаат да членуваат и тоа во период од 3 месеци по првото вработување. Доколку сами не изберат фонд ќе станат членови на задолжителниот пензиски фонд во кој претходно биле времено распределени, по случаен избор од страна на надлежна државна институција. Со Закон се дефинираат осигуренци кои определен период не се задолжителни членови на втор столб. Најчесто тоа се осигуренци за кои се користат ослободувања од плаќање придонеси во одреден период.

 

  

  • Доброволни членови

Осигуренците кои за прв пат се вработиле пред 01.01.2003 година се доброволни членови. Доброволните членови можат да бидат членови во 2 столб единствено ако склучат договор за членство во задолжителен пензиски фонд, во рок од 3 месеци од повторното вработување. Доколку сте женско лице со возраст над 45 години, односно маж над 50 години возраст, треба да го разгледате и времетраењето на предходниот работен стаж. Ако имате над 5-7 години работен стаж, веројатно ќе имате загуба во остварена заменска стапка за пензија од прв столб. Вашето зачленување веројатно би значело добивање на понизок износ на пензија од прв столб.

 

Ако сте доброволен член, задолжително Ви препорачуваме консултација со вработените во Сава пензиско друштво а.д. Скопје на телефонскиот број 02/ 15 500.

 

Изборот на задолжителен пензиски фонд, се прави со склучување на Договор за членство во задолжителен пензиски фонд.

 

Се што треба да направите е да дојдете во нашите експозитури и преку лиценциран агент за пензиско осигурување да ги дознаете сите потребни информации за да донесете одлука каде да се зачлените.

 

Во нашите експозитури можете да добиете повеќе услуги како член на задолжителен пензиски фонд управуван од Сава пензиско друштво а.д. Скопје:

 

  • Склучување на договори за членство
  • Проверка на членство во пензиски фондови
  • Ажурирање на лични податоци како член на пензиски фонд
  • Избор на начин на достава на Извештаи за пензиска заштеда
  • Барање за исплата на пензија и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување
  • Барања за исплата на наследство
  • Поднесување на поплаки и други барања

 

Повеќе информации на www.sava-penzisko.mk

 

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229

 

 

 

 

За повеќе информации кликни тука