Депозит Класик

Депозит Класик е наменет за сите кои сакаат да ги орочат своите финансиски средства на одреден временски период.

Основни информации

  • Валута: МКД, ЕУР, УСД, ЦХФ, АУД, ГБП и други валути
  • Рок на орочување: по видување, 1, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци
  • Минимален влог: 2.500 МКД / 50 ЕУР
  • Каматни стапки: номинални, фиксни за денарски и девизни депозити со рочност до 36 месеци и варијабилни за денарски и девизни депозити над 36 месеци 
  • Припис на камата: месечно или рочно (за ависта депозит – на крајот на годината)
  • Склучување на договор: во сите експозитури на Банката
  • Документ за идентификација: лична карта или пасош 

Каматни стапки

МКДЕУРУСДЦХФГБПАУДДр. валути
По видување 0,01% 0,01% 0,01% 0,01% 0,01% 0,01% 0,01%
1 месец 0,01% 0,01% 0,01% 0,01% 0,30% 0,01%
2 месеци
3 месеци 0,10% 0,02% 0,01% 0,01% 0,01% 0,40% 0,01%
6 месеци 0,40% 0,03% 0,03% 0,01% 0,03% 0,50% 0,01%
12 месеци 1,20% 0,15% 0,05% 0,01% 0,05% 0,70% 0,01%
24 месеци 2,30% 0,50% 0,10% 0,80%
36 месеци 2,70% 0,90% 0,20% 0,90%
48 месеци 2,84%
(НРС + 0,70%)
1,30%
+6М Еурибор
60 месеци 3,04%
(НРС + 0,90%)
1,50%
+6М Еурибор

* Каматните стапки се со важност од 01.11.2017 година и се на годишно ниво.

**Согласно Одлуката за каматни стапки на НЛБ Банка АД Скопје, каматните стапки за депозитите во МКД валута со рочност до 36 месеци се фиксни, додека кај долгорочните депозити на (48 и 60 месеци) се варијабилни и се врзуваат за референтни каматни стапки. Рочностите на 36 месеци ќе имаат каматна стапка која ќе се формира со користење на НРС и определен фиксен додаток или одбиток. Вредноста на НРС во моментов изнесува 2,14% (усогласувањето на НРС се прави на 6 месечна основа)

Кај депозитите во девизи со рочност до 36 месеци каматните стапки се фиксни, додека кај долгорочните депозити (на 48 и 60 месеци) каматните стапки се варијабилни и се врзуваат за референтни каматни стапки, односно претставуваат збир од Фиксна каматна стапка + 6 месечен ЕУРИБОР. Доколку 6 месечниот ЕУРИБОР има вредност под нула  (во моментов е -0,372), ќе се смета дека изнесува нула.

Преглед на каматни стапки за сите депозити на физички лица