Промотивен Станбен кредит

 Аплицирајте за Промотивен Станбен кредит и искористете ја промотивната понуда без манипулативни и трошоци за проценка до 28.02.2019 година

 

Максимален износ

Од 300.000 МКД до 9.000.000 МКД

Годишна каматна стапка

3,3% фиксна каматна стапка за првите 3 години

4% фиксна каматна стапка за следните 3 години

Варијабилна за остатокот од периодот (НРКС + 3,02 процентни поени)*

Рок и начин на отплата

До 120 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци 

Услов

Ризико осигурување на кредитокорисникот

Вработени во компании и институции прифатливи за Банката / пензионери

Исполнет услов за кредитоспособност

Домаќинско осигурување на хипотеката

Издадена и активирана бесплатна кредитна картичка од програмата на Master Card

Обезбедување

- Животно осигурување (ризико полиса)

- Хипотека со домаќинско осигурување

- Меница од барателот

Намена

- Станбени цели

- Рефинансирање на потоечки станбени кредити од НЛБ Банка под услов кредитокорисникот да доземе дополнителна кредитна изложеност повеќе од 10.000 ЕУР

* Животно осигурување (ризико полиса) е задолжителна, освен доколку кредитобарателот е одбиен од страна Кроација Живот.

**Начинот на исплата и наменската употреба на дополнителната кредитна изложеност ќе бидат уредени во Каталогот и соодветните прилози.
***Останатите услови за одобрување и обезбедување се идентични како за Златен станбен кредит Плус во ЕУР.

****4,37% СВТ за износ на кредит од 9.000.000 МКД, каматна стапка 3,3% фиксна годишна каматна стапка за првите три години, 4% фиксна годишна каматна стапка за 4, 5 и 6-та година и 4,99% варијабилна за остатокот од периодот (Национална референтна стапка + 3,02 п.п.), рок на отплата 120 месеци, трошок за апликација од 700 МКД и ризико премија од 215.000 МКД

*****Како референтна каматна стапка се користи национална референтна каматна стапка (НРКС) која што е објавена на веб страната на Народна банка на РМ под називот “каматни стапки на денарски депозити без девизна клаузула”  на 25-ти во претходниот месец пред склучувањето на договорот за кредит. Доколку националната референтна каматна стапка има вредност под нула, тогаш ќе се смета дека изнесува нула. Усогласувањето на каматната стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година врз основа на националната референтна каматна стапка која што е во важност на 25.06 и на 25.12. Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 1,97%.

Трошоци

Манипулативен трошок:

  • За приматели на плата преку НЛБ Банка: 1,25% еднократна провизија, минимум 1.000 МКД - без манипулативни трошоци до 28.02.2019

    За неприматели на плата преку НЛБ Банка: 1,5% еднократна провизија, минимум 2.000 МКД - без манипулативни трошоци до 28.02.2019

Трошок за апликација:

  • 700 МКД 

Трошок за полиса од незгоди:

  • 1.000 МКД годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот (износот е променлив согласно Договорот за повеќегодишно осигурување склучен помеѓу Корисникот на кредит и осигурителното друштво)

Без трошоци за предвремена отплата

  • 3% од предвреме отплатениот износ при делумна или целосна отплата со средства од друга банка