Златен автомобилски кредит 

Наменет за клиенти на Лично банкартво кои се приматели на плата во Банката, како и за клиенти редовно вработени во финансиски институции кои својата плата ја примаат во НЛБ Банка.

Максимален износ До 50.000 ЕУР

Рок на отплата

До 84 месеци

Годишна каматна стапка

5,5% фиксна годишна каматна стапка за првите 2 години,

6,5% + шестмесечен Еурибор, варијабилна годишна каматна стапка за остатокот од периодот,

но не помалку од 6,5% (СВТ* 6,25%)

Услов

Минимално учество:

Без минимално потребно учество за возила со вредност до 10.000 ЕУР
10% за возила чија вредност е од 10.000 ЕУР до 16.000 ЕУР
20% за возила чија вредност е над 16.000 ЕУР

Услови за вработени
1.За кредити со учество <20%: 

Задолжителен е еден ко-кредитобарател или жирант, при што услов е 1 рата <=1/2 од платата од кредитобарателот
(само од платата на кредитобарателот, а не и од дополнителните приходи и без приходите на ко-кредитобарателот/жирантот)

2.За кредити со учество >=20%:
Без ко-кредитобаратели и жиранти со можност за нивно вклучување за зголемување на кредитоспособноста на кредитобарателот
за исполнување на задолжителната кредитоспособнос 1 рата <= 1/3 од месечен приход

Услови за пензионери:
1. Потврда за износ на пензија за барателот со задолжителна кредитоспособност* 1 рата <=1/3 од пензија
2. Максимум до 72 год.старост до рок на отплата на кредитот

Кокредитобаратели

Без ко-кредитобаратели (може да се вклучат по потреба). 
Ко-кредитобарател може да биде сопружник, родител/и, браќа, сестри, деца. 
Рата =< 1/3 од вкупни приходи.
Максимум до 72 год.старост до рок на отплата на кредитот

Обезбедување

За вработени:
1. Залог на возилото кое се набавува
2. Административна забрана (може, но не е предуслов)
3. Меница од барателот и (ко-кредитобарателот/те)

За пензионери:
1. Залог на возилото кое се набавува
2. Административна забрана од 2 жиранти
3. Меница од барателот, (ко-кредитобарателот/те) и жирантите

*6,25% СВТ за износ на кредит од 50.000 ЕУР, каматна стапка 5,5% фиксна за првите две години на користење и променлива од 6,5% за остатокот на периодот, рок на отплата 84 месеци, манипулативен трошок 6.000 МКД и трошок за апликација од 700 МКД и 400 МКД годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот
**Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот (манипулативен трошок), надоместокот за аплицирање и обработка (трошок за апликација) и висината на договорната каматна стапка. 

Трошоци

Манипулативен трошок:

  • 6.000 МКД фиксна еднократна провизија 

Трошок за апликација: 700 МКД 

Трошок за полиса од незгоди:

  • 400 МКД годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот (износот е променлив согласно Договорот за повеќегодишно осигурување склучен помеѓу Корисникот на кредит и осигурителното друштво)

Без трошоци за предвремена отплата

Останати трошоци:

  • Меница од 500,00 МКД
  • Трошоци за осигурување согласно Тарифите на осигурителното друштво до конечно измирување на обврските на кредитот
  • Нотарски трошоци за Договорот за залог согласно Нотарска тарифа
  • Трошоци во врска со упис на залогот согласно Тарифите на соодветната јавна книга