Visa Electron картичка за пензионери

Visa Electron е дебитна картичка наменета за сите пензионери кои имаат сметка во НЛБ Банка.

Карактеристики

  • Visa Electron картичката е поврзна со Вашата трансакциска сметка
  • Можност за користење на дозволено пречекорување 
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање готовина на банкомати
  • Подигање готовина без провизија и бесплатна проверка на состојбата на банкоматите на НЛБ Банка и на банкоматите на НЛБ Групацијата во Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово
  • Без провизија за плаќање во продажна мрежа во земјата и во странство
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за без готовински ПОС трансакции: до 100.000 мкд

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка

  • Активна каматна стапка до лимит: 11,25%
  • Пасивна каматна стапка: 0,01%

 

Членарина

  •  Без членарина за цело времетраење на картичката

 

Тарифник за платежни картички