Mastercard Debit Contactless 

Mastercard Debit Contactless е е дебитна картичка со која можете да плаќате бесконтактно на продажни места и да подигате готовина од банкомати во земјата и странство.

Карактеристики

  • Mastercard Debit Contactless картичката е поврзана со Вашата трансакциска сметка
  • Нуди можност за беcконтактно плаќање, само со доближување на картичката до ПОС терминалот
  • Можност за користење на дозволено пречекорување на трансакциската сметка
  • Дебитна картичка со можност за плаќање на 3 и 6 рати без камата:

        - За износи над 1.500 МКД на 3 рати

        - За износи над 6.000 МКД на 6 рати

  • Подигање готовина без провизија и бесплатна проверка на состојбата на банкоматите на НЛБ Банка и на банкоматите на НЛБ Групацијата во Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС трансакции: до 100.000 мкд

 

Како да плаќате бесконтактно?

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка

  • Активна каматна стапка до лимит: 11.75%
  • Пасивна каматна стапка: 0,01%

 

Членарина

  •  Без членарина за цело времетраење на картичката за приматели плата / пензија во НЛБ Банка
  • 300 мкд членарина за неприматели на плата / пензија во НЛБ Банка

 

Тарифник за платежни картички