Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Деловен простор

ул.Маршал Тито бб, Гевгелија

Основни податоци

О  Г  Л  А  С  

за прибирање на понуди за купување на недвижен имот

 

Недвижност – деловен простор:

Имотен лист бр.100960 за КО ГЕВГЕЛИЈА, КП 4975/0, адреса Маршал Тито бб, Бр. на зграда 2, Намена на згр.: Б4, Влез 1, кат ПР, Намена на посебен дел ДП, со вкупна внатрешна површина од 95 м2.

Цитираниот деловен простор е даден под закуп заклучно со 30.04.2026 год, кој е прибележан во имотниот лист.

 

УСЛОВИ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

    

I.НАЧИН НА ПРОДАЖБА

Продажбата за горе наведената недвижност ќе се врши преку прибирање на затворени понуди.

Понуда можат да достават сите правни и физички лица.

Понудата треба да содржи:

§  Податоци за понудувачот (назив, адреса, телефон, е-маил);

§  Почетна продажна цена по м2: 1.713 ЕУР/м2 (илјада седумстотини и тринаесет евра), сметано по среден курс на НБРСМ.

§  Понудена цена изразена во евра (плус  ДДВ).

II.НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудите да се достават до НЛБ Банка АД Скопје, Набавки и општи работи, во затворено плико со назнака НЕ ОТВАРАЈ - ПОНУДА ЗА НЕДВИЖНОСТ.

Понудата да е потпишана од понудувач-физичко лице, а за правно лице од лице овластено за застапување со печат.

Понудите треба да пристигнат до 30.03.2026 год., до 16:00 часот.

Понудите се доставуваат преку Писарницата на Банката на ул. Водњанска  бр.1,  1000 Скопје.

Понудите кои нема да стигнат до определениот ден и време во Банката и ги немаат бараните податоци, а се испратени на било кој начин, нема да се земат во предвид.

 III.ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Со оглед на тоа што предметниот недвижен имот е даден под закуп врз основа на договор за закуп, напоменуваме дека закупецот има право на првенство на купување и доколку закупецот го искористи своето право на првенствено купување, Банката нема обврска да изврши избор од евентуалните понудувачи.

 

IV.ПЛАЌАЊЕ НА ЦЕНАТА

Доколку закупецот не го искористи своето право на првенствено купување, понудувачот чија понуда е најповолна е обврзан во рок од 45 (четириесетипет) дена од денот на известувањето дека е прифатена неговата понудата да ја уплати целосната сума до висината на понудената цена.

Наведената ствар во огласот се купува по принципот ВИДЕНО-КУПЕНО, како и со увид во документацијата која Банката ја поседува без право на барање на друга документација.

Со плаќањето на цената ќе се склучи договор за купопродажба со кој ќе се изврши пренос на сопственоста. ДДВ, данокот на промет на недвижност и сите други давачки при преносот на сопственоста паѓаат на товар на купувачот.

За повеќе информации заинтересираните понудувачи можат да се обратат на е-маил nlbprocurement@nlb.mk .

  • Тип:  Деловен објект
  • Град: Гевгелија
  • Година на изградба: 1981
  • Површина на недвижност: 95 m2
  • Намена: Продажба
  • Метод на продажба: Во сопственост

Се продава деловен простор во Гевгелија, ул.Маршал Тито бб, со површина од 95м2.

Контакт: nlbprocurement@nlb.mk

Служба за доцна и присилна наплата