населба Карпош, Куманово
Закажана е прва продажба на ден 25.03.2026 година во 11часот во канцелариите на Извршител Премтим Ќерими од Куманово, на ул.11 Октомври бб, локал Хотел Куманово, по цена од 41.688.908мкд (676.768 ЕУР).
Недвижниот имот лоциран на ИЛ 35645, КП 7203/5 со вкупна површина од 2005м2 (нов објект) и Недвижниот имот лоциран на ИЛ 33460, КП 7203/5 со вкупна површина од 2627м2 (стар објект) , се наоѓаат во Општина Куманово, населба Карпош во близина на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка во индустриска зона каде има повеќе стопански објекти и деловни згради. Во близина има маркет и бензинска пумпа. Пристапот до објектот и за моторни возила и за пешаци е од локална сообраќајница. Фукционалната намена на објектот е идустриски објект кој имал дејност- производство на велосипеди, администрација и магацини. Објектот е составен од подрум, приземје, кат 1 и кат 2. Овој објект е лепенка со стариот објект и внатрешно се поврзани и взаемно функционални. Во објектот има пристап преку два посебни влеза на приземјето и влез во подрумскиот дел. Внатрешно е поврзан со две скалести јадра од подрумот до мансардата како и еден товарен лифт од приземјето кон катовите. Парцелата има стандардна комунална опременост и истата не е оградена. Околу објектот има изработено заштитни бетонски тротоари и по целата површина тротоарите се поплочени со бекатон.
Дворното место по ИЛ 35645 е со површина од 24м2, земјиште под зграда е 222м2 и Дворното место по ИЛ 33460 е со површина од 356м2, земјиште под зграда е 1237м2 и улици право на сопственост запишана во ИЛ бр.32938, КО Куманово.
Недвижноста се продава по цена од 41.688.908мкд (676.768 ЕУР)
Контакт Извршител 031/511-388 и 071/245-464.
Контакт телефон 075/328-676 , 075/455-635, 075/455-636