Пет награди за НЛБ Банка Скопје во најновото рангирање на реномираниот магазин „Finance Central Europe“

 

„Finance Central Europe“ ги објави резултатите од годишното рангирање на банките во  Југоисточна Европа, а во тие рамки и на македонските банки. Во најновото рангирање на овој реномиран финансиски магазин НЛБ Банка е наградена со високи втори и трети места во пет категории и тоа: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал.

„Наградите и признанијата за нас се важен показател и стимул во секојдневното работење. Експертизата, посветеноста и трудот се мерилата за успехот на НЛБ Банка и воедно се гаранција за остварување на позитивни резултати и задоволни клиенти. Среќни сме што секоја година НЛБ Банка е дел од ова рангирање и е во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа. Ние сме Банка која припаѓа токму овде, во овој регион и наш фокус е да го дадеме најдоброто за да ја одржиме и дополнително да ја унапредиме позицијата на пазарот, излегувајќи секогаш во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.