Покана за отворање на изложбата на слики на Mеѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ – 2016 во НЛБ Галерија

 

  

Почитувани клиенти,

  

На 15 декември 2016 година (четврток), во 19 часот, во НЛБ Галеријата, на ул. Мајка Тереза бр. 1, Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата од слики на традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ за 2016 година.

 

На изложбата ќе бидат претставени дела од еминентни ликовни уметници учесници на Колонијата: Дарвиш Сајед (Франција), Емине Токмакаја (Турција), Олга Панкина (Русија), Љубка Кирилова (Бугарија), Небојша Ѓурановиќ (Србија), Ана Ѓаповиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Горјана Миќиќ (Србија), Јелена Тијаниќ Савиќ (Србија), Јелена Враговиќ Цветковиќ (Србија), како и Петар Попчев, Ниче Василчев, Атанас Атанасоски, Доне Милјаноски, Марија Џунова, Спасе Пероски, Серафина Фантаузо, Наталија Пулејова Радеска, Станко Ѓорѓиев, Живко Поповски Цветин и Аница Китаноска од Република Македонија.

 

Воедно на изложбата ќе биде промовиран каталогот „Синергија на убавото“, во издание на колонијата, во кој се содржани критички осврти и приказ на уметничките дела на сликарите учесници на колонијата во 2016 година.

  

Почнувајќи од 2010-та, секоја година на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација", во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација, досега имаат земено учество над 100 еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Бугарија, Албанија, Србија, Египет, Франција, Мексико, Виетнам, Полска и др.

    

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје