НЛБ Пензија плус

За да обезбедите добар животен стандард и во пензионерските денови, започнете да штедите со НЛБ Пензија плус!

Карактеристики

  • Доброволното пензиско осигурување Ви овозможува сами да штедите и да остварите право на дополнителна пензија.
  • НЛБ Пензија плус е отворен доброволен пензиски фонд кој е наменет за сите вработени или невработени лица од 15 до 70 години* кои се во можност и кои сакаат да издвојуваат дополнителни средства од своите тековни примања.
  • Не постои минимален, ниту максимален износ на уплата.

*  Член или уплатувач не може да биде лице кое е примател на пензија

Како да станете член на третиот пензиски столб?

  • Со потпишување на договор за членство во НЛБ Пензија плус и со отворање на доброволна индивидуална сметка.

  • Со потпишување на договор за членство во НЛБ Пензија плус помеѓу тебе, уплатувачот и Друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметка.

Зачленувањето во НЛБ Пензија плус можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, во просториите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје или преку лиценцираните агенти за продажба.
Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на НЛБ Пензија плус.

Локатор на експозитури

Придобивки 

  • Поврат на персонален данок од 11,11%  на уплатените средства во фондот**
  • Принос на фондот – принос остварен од вложувањата на фондот во различни класи на инструменти во текот на одреден период.

** Износот на ослободувањето по член за една календарска година не може да биде поголем од 4 просечни месечни бруто плати во Р.Македонија објавени за претходната година, во согласност со законската регулатива

Индивидуален член во ОДПФ НЛБ Пензија плус се станува со:

  • Индивидуално уплаќање пензиски придонес и 
  • Уплаќање од уплаќач за друго лице (сопруг,сопруга,дете...)

Начин на уплата

  • Безготовинска уплата од Вашата трансакциска сметка
  • Траен налог
  • НЛБ Клик - електронско банкарство 

 

Повеќе информации