Visa Classic 

Visa Classic е револвинг кредитна картичка со која можете да купувате веднаш, а да отплаќате во периодот кој следува, со месечна отплата од минимум 5% од вкупните трошоци.

Аплицирајте до 30.06.2019 година за НЛБ VISA Gold и VISA Classic картичките и искористете ја промотивната поволност!

 

Без членарина за првата година на користење за апликации за НЛБ Visa кредитните картички примени во промотивниот период

Бесплатна полиса за патничко осигурување од Сава осигурување АД Скопје за секоја нова НЛБ Visa кредитна картичка

Без членарина за следната година на користење за постојни и нови корисници на НЛБ Visa кредитните картички кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции во земјата или странство

Карактеристики

  • Visa Classic e револвинг кредитна картичка со одреден лимит зависно Вашата кредитоспособност наменета за клиенти со редовни месечни приходи
  • Отплата од минимум 5% /10% од месечните трошоци или повеќе, согласно вашите можности
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на VISA
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Можност за бесплатна достава на месечниот извод на е-маил
  • Можност за плаќање на обврските со траен налог, преку НЛБ Клик - електронското банкарство и НЛБ мКлик - мобилното банкарство
  • Можност за плаќање на рати без камата на продажни места со кои Банката има склучено договор
  • Без провизија за плаќање во продажна мрежа во земјата и во странство
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС трансакции: до 100.000 мкд

 

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматни стапки

  • Активна каматна стапка до лимит: 10,50%  (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени)

Членарина

 За приматели на плата / пензија во НЛБ Банка: 

  • Без членарина за првата година
  • 900 мкд за следната година за користење на основната картичка (300 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 80.000 мкд за приматели на плата / минимум 20.000 мкд за приматели на пензија)

За неприматели на плата / пензија во НЛБ Банка:

  • 1500 мкд  за првата година на користење на основната картичка (300 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 80.000 мкд за вработени / минимум 20.000 мкд за пензионери)

 

Трошок за апликација: 300 МКД