Visa картички

 

Со НЛБ Visa картичките, повеќе за сите! 
 

Плаќајте со НЛБ Виза картичките (Visa Electron, Visa Classic, Visa Gold) до 30.09.2020 година и направете најмалку 10 безготовински трансакции на износ од најмалку 300 мкд по трансакција.

Првите 1.000 клиенти кои ќе го исполнат условот во промотивниот период ќе добијат вредносна Visa картичка на износ од 3.000 мкд.

Средствата од вредносната Visa картичка можете да ги искористите во периодот до 30.11.2020 година на продажни места во рамки на индустриите кои беа најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата со вирусот Covid-19:

 

    • Угостителство (кафе барови, ресторани, хотели) 
    • Салони за убавина (козметички салони, салони за масажа итн)
    • Фризерски салони
    • Стоматолошки ординации
    • Дерматолошки ординации
    • Туристички агенции
    • Продавници за спортска опрема, облека, накит, очила

 

Visa Electron е е дебитна картичка со која можете да плаќате безготовински и да подигате готовина од банкомати во земјата и странство.
Visa Electron е дебитна картичка наменета за сите пензионери кои имаат сметка во НЛБ Банка.
Visa Classic е револвинг кредитна картичка со која можете да купувате веднаш, а да отплаќате во периодот кој следува, со месечна отплата од минимум 5% од вкупните трошоци.
Visa Gold е револвинг кредитна картичка која на корисниците им овозможува поголема финансиска флексибилност, комодитет и привилегии при користењето.