MobiPay 

MobiPay е нов начин на безготовинско плаќање со мобилен телефон поврзан директно со Вашата банкарска сметка и овозможено од страна на НЛБ Банка и T-Mobile. Со MobiPay вашиот телефон станува виртуелен паричник.

Основни информации?

  • Вашиот мобилен број од Т-Мобиле можете да го поврзете со 5 различни НЛБ Платежни картички.
  • Плаќањата преку MobiPay, можете да ги вршите во сите продажни места каде има ознака MobiPay, односно  има MobiPay терминал. 
  • Процесот на плаќање трае неколку секунди, при што прво го внесувате Вашиот MobiPay PIN во MobiPay терминалот, од Вашиот мобилен уред вртите 180* за идентификација и на крај го приближувате Вашиот мобилен телефон до MobiPay терминалот.
  • Средствата од извршеното плаќање се одземаат од сметката на НЛБ платежната картичка која ќе ја изберете при плаќањето.
  • Плаќањата се вршат со патентирана DOV (Data Over Voice) технологија која овозможува виртуелно плаќање од било кој мобилен уред, кој поддржува остварување на повици и активна линија од Т-Mobile.
  • НЛБ Банка за секоја избрана платежна картичка поврзана со Mobipay услугата ќе ви издаде посебен број за идентификација, од 180 до 184.