Маstercard Gold

Mastercard Gold е кредитна картичка која на корисниците им овозможува голема финансиска флексибилност, комодитет и привилегии при користењето.

Аплицирајте за НЛБ Mastercard картичките до 31.10.2018 година и искористете ги промотивните поволности:

   

  • Бесплатна членарина за првата година на користење за сите новоиздадени картички во промотивниот период. За направени најмалку 10 ПОС трансакции со картичката во периодот од 15.09.2018 до 30.11.2018 година следува уште една година гратис.

 

  • Бесплатна членарина за следната година на користење за сите постојни корисници на Mastercard кредитните картички кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции.

   

Карактеристики

  • Mastercard Gold e кредитна картичка со одреден лимит зависно Вашата кредитоспособност, наменета за клиенти со повисоки месечни примања кои имаат потреба да користат повисоки месечни и дневни лимити.
  • Можност за плаќање на 6 рати за износи над 3.000 мкд
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Подигнување на готовина од банкоматите на НЛБ Банка со можност за отплата на рати и избор на број на рати (2,3,4,5,6,9 или 12 рати)
  • Можност за бесплатна достава на месечниот извод на е-маил
  • Можност за плаќање на обврските со траен налог или НЛБ Клик - електронско банкарство и НЛБ мКлик - мобилно банкарство
  • Можност за плаќање на рати без камата на продажни места со кои Банката има склучено договор
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 250.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС трансакции: до 250.000 мкд

 

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка:

  • Активна каматна стапка до лимит: 9,75% (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 6.75 процентни поени)
  • Пасивна каматна стапка: 0,01%

 

Членарина

  • 3.000 мкд на основната картичка (1.500 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 200.000 мкд)

Трошок за апликација: 300 МКД

 

Тарифник за платежни картички