DinersClub картичка

DinersClub / НЛБ Банка картичката е приватната кобрендирана картичка со меѓународна важност која Ви овозможува поголема финансиска сигурност, стабилност како многу други поволности.

Карактеристики

  • DinersClub / НЛБ Банка кобрендирана картичката е кредитна картичка со одреден лимит зависно Вашата кредитоспособност
  • Можност за плаќање на рати на продажни места во земјата (бројот на ратите зависи од договорот кој продажното место го има склучено со DinersClub)
  • Подигање готовина во земјата (на банкоматите на НЛБ Банка, со можност истиот да се враќа во готово или на рати) и во странство на банкомати со знакот на Pulse
  • Бескаматно кредитирање, доколку обврските по основ на доставените фактури се подмируваат заклучно со рокот на нивното доспевање – 8 дена)
  • Плаќање на обврските со траен налог или НЛБ Клик
  • Користење на услугата М-Recharge која Ви овозможува надополнување со кредит на Pre-Paid мобилни телефони на мобилниот оператор Т-Мобиле кои влегуваат во Вашата Diners фактура
  • Престој во голем број на бизнис салони на аеродормите ширум светот согласно тарифите на секој од аеродормите

Што да направите во случај да ја изгубиле картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.