НЛБ Штеди го кусурот

Со секое плаќање со платежна картичка, заштедете го кусурот.

Што е НЛБ Штеди го кусурот?

НЛБ Штеди го кусурот е едноставен начин за заштеда на помали суми на средства на редовна основа. Ги заокружува плаќањата со Вашите платежни картички на одреден износ по Ваш избор, а разликата од плаќањето до одредениот износ кој сте го одбрале, ја префрла на посебна штедна сметка со повисока каматна стапка од редовната.

Каде и како може да се користи оваа услуга?

НЛБ Штеди го кусурот може да се користи за плаќања направени во земјата (на ПОС терминал или E-commerce) со сите дебитни и кредитни картички од програмата на VISA и MasterCard International издадени од НЛБ Банка.

Што е потребно за да ја активирате услугата?

За да ја користите оваа услуга потребно е да ја постетите најблиската експозитура на Банката и да пополните барање за НЛБ Штеди го кусурот.


Локатор на експозитури

За сите дополнителни информации во врска со услугата можете да се обратите на телефон 02/15-600