НЛБ Банка - Зегин

НЛБ Банка – Зегин картичката е домашна кредитна картичка  која може да ја користите во сите аптеки на Зегин, со можност за плаќање на рати без камата.

Карактеристики

  • НЛБ Банка - Зегин е кобрендирана домашна кредитна картичка наменета за сите клиенти на Зегин и НЛБ Банка, а пред се за пензионери, бремени жени и млади брачни парови со деца на предшколска возраст
  • Со НЛБ Банка – Зегин картичката можете да плаќате на 3, 6, 9 и 12 рати без камата, зависно од износот:

       - За трансакции до 700 мкд во целост

       - За износ од 700 до 1.500 мкд на 3 рати

       - За износ од 1.500 до 3.000 на 6 рати

       - За износи од 3.000 до 5.000 на 9 рати

       - За износи над 5.000 мкд на 12 рати

  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Можност за плаќање на обврзите со траен налог или НЛБ Клик - електронско банкарство
  • Картичката е бесплатна за првата година за сите приматели на плата / пензија во НЛБ Банка

  

Што да направите во случај да ја изгубиле картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка

  • Активна каматна стапка до лимит: 11,75%
  • Пасивна каматна стапка: 0,01%
     

Членарина
 

 За приматели на плата / пензија во НЛБ Банка: 

  • Без членарина за првата година
  • 500 мкд за следната година за користење на основната картичка (100 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 5.000 мкд)

За неприматели на плата / пензија во НЛБ Банка:

  • 500 мкд  за првата година на користење на основната картичка (100 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 5.000 мкд)


Трошок за апликација: 
300 МКД

 

Тарифник за платежни картички