ТИБИ Постепеното штедење е детско штедење наменето за сите кои сакаат постепено да штедат за иднината на своите деца преку редовни месечни уплати.
Каматна стапка со фиксен додаток повисок секоја наредна година
Постепен начин на формирање на Вашата заштеда со редовни месечни уплати
Можност за уплата преку траен налог или НЛБ Клик
- Валута: МКД, ЕУР
- Рок на орочување: 5 години (со можност да го разрочите депозитот по истекот на првата година)
- Минимален влог: 1.000 МКД / 15 ЕУР
- Каматни стапки: основна/фиксна каматна стапка за депозити во МКД + фиксен додаток / основна фиксна каматна стапка за депозити во ЕУР + фиксен додаток. Фиксен додаток се добива за редовни месечни уплати
- Припис на камата: еднаш годишно
- Склучување на договор: во сите експозитури на НЛБ Банка
- Документ за идентификација: лична карта или пасош на законскиот застапник и извод од матична книга на родените на штедачот (малолетното лице)
Каматни стапки
* Каматните стапки се со важност од 07.07.2020 година
**Каматните стапки се на годишно ниво и се променливи за депозитите во МКД согласно Одлуката за каматни стапки на НЛБ Банка АД Скопје. Кај депозитите во девизи,основните каматните стапки се фиксни.
*** Основната каматна стапка за штедењето во МКД валута за период од 60 месеци е изразена во апсолутен износ, но истата е пресметана како разлика од референтна каматна стапка НРКС и фиксен додаток. Основната каматна стапка за штедењето во ЕУР за период од 60 месеци е изразена во апсолутен износ и е пресметана како збир од референа каматна стапка + 6 месечен ЕУРИБОР и фиксен додаток.
Преглед на каматни стапки за сите депозити на физички лица