Денарска сметка

Денарската сметка е основна трансакциска сметка со помош на која може да ги вршите сите платежни трансакции во земјата.

За кого е наменета?

Денарската сметка е наменета за сите правни лица: приватни нефинансиски друштва, јавни нефинансиски друштва, финансиски друштва, самостојни извршители на дејност и непрофитни институции за извршување на платниот промет во земјата.

Предности на денарската сметка

  • Едноставно и брзо отворање на една или повеќе трансакциски сметки без надоместок
  • Сигурно, квалитетно, ефикасно и брзо извршување на Вашите налози за плаќање
  • Тајност на податоците за Вашата сметка
  • Изработка на сите видови потврди по Ваше барање

Што е потребно за да отворите денарска трансакциска сметка?

Документација која треба да ја обезбедите за отворање на редовна сметка:

  • Решение за упис не постаро од 3 дена во Трговскиот регистар или тековна состојба од трговскиот регистар со иста дата кога се отвора сметката, односно во регистерот на надлежен орган на РМ - Централен регистар или Акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар или Извод од Законот ако учесникот е основан согласно закон 
  • ЗП образец - заверени потписи на лица овластени за застапување 
  • Решение од надлежен суд за отворање на стечајна /ликвидациона постапка, ако за сметката е отворена стечајна постапка 

Дополнителни документи


Во зависност од потребата Банката може да има потреба од дополнителна документација 

Каде можете да отворите сметка?

Во сите експозитури на Банката каде ќе потпишете договор за отворање на сметка

Локатор на експозитури