Претставување на Банката

НЛБ Банка АД Скопје е водечка банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија.

НЛБ Банка АД Скопје е една од најуспешните банки во НЛБ Групацијата. Успехот се должи на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето,  модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија, како и на професионалниот менаџмент, зајакнати со брендот на НЛБ.

 


 

Мисија на Банката

 

Наша цел е да бидеме помеѓу водечките финансиски институции во земјата,

Да обезбедиме повисоко ниво на квалитет на услугите, современа понуда на нови продукти и градење традиција на Банката,

Преку ефикасноста и економичноста во работењето да оствариме профит.

За повеќе информации кликни тука