За акционерите

Информации за акционерите

 

 

 

Почитувани Акционери,

 

Врз основа на член 22, а во врска со член 18 и член 19 од Одлуката за правилата за добро корпоративно управување во банка ( Службен весник на Р.С.Македонија бр. 24/18 и бр.113/19), Ве известуваме дека на седницата на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје одржана на 11.12.2020 година, усвоена е Одлука за позитивна оцена на соодветност на Г-дин Борут Вујчич за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

 

 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје

 


 

 

Корпоративно управување 

Со ефикасно работење и традиција обликуваме ново поглавје во банкарската култура, кое претставува темел на работењето на вработените во НЛБ Банка при работата со клиентите, акционерите, финансиските аналитичари и останатата јавност.

Банката воспоставува транспарентен и разбирлив систем на управување кој го зголемува нивото на доверба како на домашните, така на странските инвеститори и на вработените.

Корпоративното управување во Банката претставува збир од заемни односи меѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, акционерите на Банката и останатите заинтересирани субјекти.

Корпоративното управување се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата.

Почитуваме вредносни правила на однесување во односот со клиентите, при што искрениот однос и јасната комуниција се нашите темелни вредности.

 

Статут на НЛБ Банка АД Скопје

Кодекс на корпоративно управување во НЛБ Банка АД Скопје

Деловник за работа на Собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје

 

Акционерски капитал

 

НЛБ Банка е акционерско друштво, чиишто акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, на подсегментот Задолжителна котација.

Акциите се запишани во акционерската книга на Банката која се води во Централниот депозитар на хартии од вредност АД Скопје.

Банката има издадено 14 емисии на акции или 854.061 обични акции. Номиналната вредност на акциите изнесува 1.000,00 МКД по акција. Секоја акција носи право на еден глас на Собранието на акционери. 

 

Акционери со над 5% учество во капиталот на Банката

 

  • NLB d.d. Ljubljana со 742.804 акции и учество од 86,97% 

 

Единствен акционер со учество над 5% во вкупниот број на издадени акции на НЛБ Банка АД е Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана, со 86,97% учество (742.804 акции) во вкупниот број на акции на Банката. НЛБ д.д. како акционер со најголемо учество управува со Банката преку своите претставници во Надзорниот одбор.

 

 

Дивиденда

 

Акциите издадени од НЛБ Банка АД Скопје носат право на дивиденда. Одлуката за исплата на дивиденда и дивидендниот календар ги донесува Собранието на акционери, секоја деловна година. 

Информација за датумот на исплата на дивиденда, Банката објавува во еден дневен весник што излегува на територијата на Република Македонија и на интернет страната на Банката. 

Исплатата на дивиденда, за акционерите правни и физички лица коишто се комитенти на Банката, се врши на нивните постојни трансакциски сметки во НЛБ Банка АД Скопје.

Исплатата на дивиденда, за акционерите правни и физички лица коишто не се комитенти на Банката, се врши според претходно доставени инструкции до Банката од страна на акционерот. 

Образецот за Инструкции на акционер за исплата на дивиденда во друга банка може да го преземете од следниот линк Барањe и истиот пополнет да го доставите во која било експозитура на Банката.

За дополнителни инфомации во врска со акциите и исплатата на дивиденда, Ве молиме да не контактирате на следната електронска адреса: akcioneri@nlb.mk

 

 

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.03.2022 година за свикување Годишно собрание на акционери,

НЛБ Банка АД Скопје


ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје

 
Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје ќе се одржи на ден 12.05.2022 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, Скопје, со следниот:

 
Дневен ред

 
1. Избор на претседавач на Собранието;
2. Избор на записничар и бројач на гласови на Собранието;
3. Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година со:

  • Мислење на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;
  • Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;

4.Извештај на Друштвото за ревизија „Ернст и Јанг овластени ревизори“ ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје, изготвени во согласност со локалната регулатива и во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување за 2021 година со:

  • Извештај за контрола и Мислење на Надзорниот одбор по Извештајот на Друштвото за ревизија „Ернст и Јанг овластени ревизори“ ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје, изготвени во согласност со локалната регулатива и во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување за 2021 година;
  • Предлог-одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија „Ернст и Јанг овластени ревизори“ ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје, изготвени во согласност со локалната регулатива и во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување за 2021 година;

5. Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2021 година со вклучени резултати од поединечна и колективна оцена на работата од членовите на Надзорниот одбор за 2021 година;

  • Предлог-одлука за одобрување на Извештајот за работата на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;

6. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор;
7. Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2021 година со::

  • Предлог-одлука за одобрување на Извештајот за работата на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;

8. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбoр;
9. Предлог-одлука за усвојување на годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;
10. Предлог-одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;
11.Предлог-oдлука за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година;
12.Предлог-одлука за назначување друштво за вршење ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2022 година;
13. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на г. Боштјан Ковач за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје;
14. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје.


Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

  
Во насока на почитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, НЛБ Банка АД Скопје препорачува акционерите да го остварат правото на гласање на Годишното собрание на Банката со писмена кореспонденција (гласање со кореспонденција), со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание. Деталните инструкции за ваквиот начин на гласање и учество на Годишното собрание се достапни на официјалната веб-страница на Банката www.nlb.mk. www.nlb.mk

 
Секој акционер што има намера да учествува на Годишното собрание на Банката е должен да го пријави своето учество на Годишното собрание (пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на Годишното собрание до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906) или на електронската адреса: kabinetuprava@nlb.mk.
Во Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е опишана постапката според која акционерите учествуваат и гласаат на седницата на Собранието, а истиот е достапен на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk. www.nlb.mk

  
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Годишното собрание со потпишување писмено полномошно. Постапката за гласање преку полномошник како и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Годишното собрание да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномоштвата, како и дали тие се со или без инструкции за гласање.

 
Полномошникот го поднесува известувањето до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишан образец утврден во Правилникот за критериуми за утврдување заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва.

Годишното собрание на акционери ќе одлучува само по прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.


Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас можат, односно имаат право да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки и да предложат за усвојување одлуки кон секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на Годишното собрание на акционери. Кон барањето за вклучување нови точки на дневниот ред, акционерите истовремено треба да приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

  
Последен рок до кој може да се предлагаат нови точки на дневен ред, односно да се предлагаат одлуки и поставуваат прашања е 19.04.2022 година (вторник).

  
Деталните инструкции за начинот на предлагање нови точки и одлуки на Годишното собрание се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk.

  
На својата интернет-страница www.nlb.mk, не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Годишното собрание, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации:

  
содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување седница на Годишното собрание на акционери; вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права што произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број акции од секој род и класа; документите и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата на Годишното собрание на акционери; предложените одлуки од акционерите што Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите (овој образец се однесува на давање полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва), обрасците за гласање со кореспонденција, подготвени за преземање електронски, Информацијата за начинот на предлагање точки на дневен ред, поставување прашања и предлагање одлуки од страна на акционерите.

  
Материјалите од дневниот ред и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување на Годишното собрание на акционери, од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје.

  

Во Скопје,

  
НЛБ Банка АД Скопје 


Вкупниот број на акции изнесува 854.061. Сите акции се обични, и со право на глас. Со пресек датум 12.04.2022 853.245 акции немаат ограничување на правото на глас.

Резултати од гласањето

Записник од Годишно Собрание на акционери

  

 

Контакт адреса: Investor_Relations@nlb.mk

Лицa за контакт со инвеститори:

Сања Павлеска Донева
Раководител на Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг
Тел: 02/5100-954
Емаил: s.pavleska@nlb.mk

  

Ивана Стојчевска
Самостоен финансиски аналитичар
Тел: 02/5100-563
Емаил: i.stojchevska@nlb.mk